• петок, 26 јули 2024

Средба на директорот на БЈБ Тасевски со директорот на австриската Сојузна истражна служба Холцер

Средба на директорот на БЈБ Тасевски со директорот на австриската Сојузна истражна служба Холцер
Скопје, 12 октомври 2021 (МИА) - Директорот на австриската Сојузна истражна служба Андреас Холцер, денеска беше во официјална работна посета на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи, при што се одржа и средба со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски. Меѓусебната полициска соработка во борбата против тероризмот, кибер криминалот, илегалната миграција и трговијата со дрога и потенцијалите за нејзино подобрување, биле темите на кои се разговарало на средбата, соопштија од МВР. Во рамки на посетата била спроведена и оперативно-тактичка вежба на струшкото крајбрежје од Охридското езеро, за чие спроведување биле ангажирани Единицата за брзо распоредување, Специјалната антитерористичка единица Тигар и Хеликоптерската единица при МВР. На вежбата низ неколку различни точки се  демонстрирале нивните вештини, тактичко-технички способности и високиот степен на неопходна координираност и професионални стандарди за брзо и ефикасно дејствување. цр/дма/    

Остани поврзан