• сабота, 23 ноември 2024

Средба на Гаши со претставници од Стопанска комора на Северозападна Македонија

Средба на Гаши со претставници од Стопанска комора на Северозападна Македонија

Скопје, 2 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска оствари средба со претставници од Стопанска комора на Северозападна Македонија. 

-Во фокусот на средбата беше зајакнување на соработката меѓу Собранието и Стопанска комора на Северозападна Македонија, како и измена на дел од постојаната законска регулатива. Меѓу друго едно од нивните барања беше и меѓусебна консултација пред носење на предлог-закони кои се во нивен интерес, информираат од собраниската прес-служба.

Собранието, нагласил тој, може да го сметате како ваш најсилен сојузник, и додал дека ја имаат неговата  целосна поддршка.

На средбата соговорниците се согласиле дека е потребно интензивирање и продлабочување на соработката во иднина. сст/аа/

Фото: Собрание

Остани поврзан