Средба Гаши - Ларше: Апел за позасилен француски ангажман, со цел што поскоро отворање на првиот преговарачки кластер со ЕУ
- Делегацијата предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во рамки на својата работна посета на Париз, денеска оствари средба и со претседателот на Сенатот на Француската Република, Жерар Ларше.
Скопје, 18 декември 2024 (МИА) - Делегацијата предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во рамки на својата работна посета на Париз, денеска оствари средба и со претседателот на Сенатот на Француската Република, Жерар Ларше.
Како што соопшти собраниската прес-служба, на средбата присуствувале и Седрик Перен, претседател на Комисијата за надворешни работи, одбрана и вооружените сили, Жан Франсоа Рапен, претседателот на Комисијата за европски прашања, Марта де Сидрак, претседателот на Групата за пријателство Франција- Западен Балкан и Арно Базен, заменик—претседател на Групата за пријателство Франција - Западен Балкан.
-Претседателот Ларше, посакувајќи му топло добредојде на својот соговорник, потенцираше на историскиот момент, бидејќи ова е прв пат, од независноста, Сенатот да биде домаќин на Претседател на Собрание на Република Северна Македонија и дека нејзиното одржување е јасна порака за нашиот интерес да отпочнеме подиректна соработка на теми од взаемен интерес. Јасно нагласи дека Сенатот го поддржува членството на земјата во ЕУ, како и средствата од европските фондови за унапредување на тој процес. Беа поздравени комплексните компромиси и реформски чекори од наша страна, како и нашата усогласеност со барањата на ЕУ и позициите на Заедничката надворешна и безбедноста политика, се наведува во соопштението.
Претседателот Гаши, се посочува, искажа особена благодарност за реализацијата на посетата и за придонесот на француските државници во градењето на нашата држава.
-Темелите на кои почива француската држава “слобода, еднаквост и братство” како основни цивилизациски вредности, треба да бидат подеднакво почитувани од сите и негирањето на истите не смее биде дозволено на светско ниво, но и во европски рамки. Во однос на евроинтеграциите, беше истакнато дека одогловлекувањето на процесот за држава која прва ја потпишала Спогодбата за стабилизација и асоцијација од сите земји во регионот, усложнувањето на пристапувањето со билатерални прашања значително го доведува во прашање кредибилитетот на ЕУ, ги зајакнува влијанијата од трети страни и ја намалува поддршката кај граѓаните за членство во Унијата, навел Гаш
Тој воедно, се додава, апелирал за позасилен француски ангажман, со цел што поскоро отворање на првиот преговарачки кластер.
-Соговорниците беа согласни дека значително отсуствува соработката на економски план и степенот на француски инвестиции во земјата, со заложби за нивно зголемување во иднина. Истовремено, на парламентарно ниво, заеднички беше ставот дека соработката треба да се продлабочува на поле на европските прашања, за кои целосно на располагање стои Сенатот на Француската Република, стои во соопштението. вг/aa/
Фото: Собрание на РСМ