• вторник, 26 ноември 2024

СП го отфрли предлогот на Баша, кој побара Албанија да му даде на Косово 50 милиони долари за воена опрема

СП го отфрли предлогот на Баша, кој побара Албанија да му даде на Косово 50 милиони долари за воена опрема

Тирана, 8 февруари 2024 (МИА) - Во веќе препознатливиот хаос, кој го создаваат опозициските Демократски пратеници, приврзаници на Сали Бериша и Газменд Барди, се „одржа“ и денешната пленарна седница на абанскиот парламент.

На истата владејачките социјалисти го отфрлија предлогот на официјаланиот лидер на демократите, Љуљзим Баша, Албанија да даде 50 милиони американски долари помош на Косово за воена опрема.

По отфрлањето на амандманот, Баша, кој смета дека „зауздувањето на Србија е клучно за одржување на мирот и стабилност во целиот регион, а не само во Косово“ и неговите пратеници ја напуштија собраниската сала.

По барање на социјалистите беа повлечени од дневен ред измените во законот за игрите на среќа.

-Пратеникот Дашнор Сула, кој беше облечен во специјална облека, полна со симболика (фалсификувани евра и налепници за игри на среќа), додека претседателката Линдита Никола говореше, фрлаше лажни евра кон говорницата, за да, како што рече, ги „поздрави“ министрите од „нарко владата“. Сопартијците ставија и бела прашкаста материја, асоцирајќи на дрога, објави Топ чанел.

Пред почетокот на седницата припадниците на Националната гарда не дозволија исклучените пратеници да влезат во Собрание, по што врз нив и врз генералниот секретар на парламентот, пратеникот Фламур Нока истури брашно. По седницата во дворот на собраниската зграда опозициските пратеници фрлаа со јајца врз претседателката на парламентот Никола, министерот за внатрешни работи Таулант Бала и генералниот секретар Генц Ѓончај.

-Гардата го презеде лицето на нарко-режимот. Ние го претставуваме албанскиот народ, кој нема никакви права. Ние сме тука да ги претставуваме оние кои ја сакаат слободата, изјави Нока за медиумите.

Тој најави сенационален протест на 20 февруари додавајќи дека „тоа ќе биде ден кој ќе претставува голема порака на бандата на власт“. вт/ссм/

Остани поврзан