• сабота, 04 јануари 2025

Специјалниот апелациски суд за Бериша одреди мерка задолжително јавување

Специјалниот апелациски суд за Бериша одреди мерка задолжително јавување

Тирана, 3 јануари 2025 (МИА) – Специјалниот апелациски суд против организиран криминал и корупција, го отфрли барањето на Специјалното обвинителство, за враќање на мерката „куќен притвор“ за лидерот на Демократската партија Сали Бериша и му одредени мерка задолжително јавување двапати месечно.

Како што стои во соопштението на судот, Бериша мора да се појави во првиот и третиот понеделник секој месец, во 10 часот, пред службеник на судската полиција, во Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК).

Специјалниот суд против организиран криминал и корупција, го ослободи од домашен притвор Бериша (80) на 27 ноември минатата година, мерка која му беше изречена на 30 декември 2023 година, откако одби да ја почитува мерката „обврска за јавување“, дадена во октомври истата година.

Тој е обвинет од СПАК за сторено кривично дело „пасивна корупција на високи државни функционери или локални избраници“, извршено во соработка во врска со приватизацијата на поранешниот спортски комплекс „Партизан“ во Тирана.

Во истото досие обвинет е и неговиот зет за ќерка, кој, според СПАК со помош на Бериша, како премиер, го приватизирал и на големиот простор изградил 11 повеќекатници, здобивајќи се со профит од над 5 милиони евра. вт/

Фото: Бериша ФБ

Остани поврзан