• сабота, 23 ноември 2024

Со јапонска помош обновено училиштето во селото Добрушево во Општина Могила

Со јапонска помош обновено училиштето во селото Добрушево во Општина Могила
Битола, 1 февруари 2021 (МИА) - Градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска и Такахаши Сатору, заменик шеф на мисијата на Амбасадата на Јапонија промовираа проект со кој целосно е реновирано на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во тамошното село Добрушево.

Со реализација на проектот извршена е целосна реконструкција на училиштето, поставени се нови прозорци, врати, покрив, одвод и нов систем за греење.

Вкупната инвестиција изнесува 54.325 евра, а со единствена цел да се подобрат условите за наставниот процес во основното училиште „Браќа Миладиновци“, беше посочено на промотивниот настан во пелагониската Општина.

-Јапонскиот народ е среќен за сите граѓани на Општина Могила кои ќе имаат бенефит од овој проект. Преку програмата за мали грантови (GGP), Јапонија финансира проекти за реновирање и обезбедување опрема за повеќе од 70 училишта и 47 здравствени установи и обезбеди 31 возило за одржување и комунални возила за 49 општини, истакна Сатору за време на неговиот престој во Добрушево. мт/нд/

Остани поврзан