• петок, 25 октомври 2024

Со изградба на уште еден нов парк Струмица спроведува мерка против загадувањето на воздухот

Со изградба на уште еден нов парк Струмица спроведува мерка против загадувањето на воздухот

Струмица, 25 октомври 2024 (МИА) - Со изградба на уште еден нов парк кај Детската градинка „Виножито“ на површина од 13 илјади метри квадратни, Општина Струмица ќе спроведува една од мерките против загадувањето на воздухот. Овој проект доби најмногу на синоќешната втора Форумска сесија од проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, кој Општината го спроведува со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).

Според заменичката градоначалник Елена Маѓеровска Паликарова, на простор од 28.000 метри квадратни, во близина на градинката „Виножито“ веќе се подига прекрасен парк, а и со изгласувањето на оваа мерка ќе се искористи празниот плац да се урбанизира со нов парк.

-Овој парк кој ќе содржи урбана опрема-клупи, „паметни“ клупи со ПВ панели и приклучоци за полнење на мобилни телефони,  инфраструктура за отпад, паметно осветлување со ЛЕД светилки, пешачка патека, велосипедска патека и делови за рекреација на младите и делови за рекреација на повозрасните граѓани. Се планира на оваа површина да се насадат околу 300 веќе израснати садници, изјави Маѓеровска Паликарова.

Фондот за спроведување на мерките изнесува околу 340.000 американски долари, а  Општината се очекува да кофинансира половина од средствата за оваа намена

Проектот „Справување со загадувањето на воздухот “ е финансиран од владата на Шведска, а го имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Струмица. рт/са/

Фото: Општина Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан