• четврток, 26 декември 2024

Професори од Технолошко-металуршкиот факултет ќе едуцираат и обучуваат вработени во ОКТА

Професори од Технолошко-металуршкиот факултет ќе едуцираат и обучуваат вработени во ОКТА

25 октомври 2024 

ОКТА и Технолошко-металуршки факултет со заедничка иницијатива

ТМФ со стручен курс за вработените во ОКТА

Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје почна со имплементација на првиот стручен курс за вработените од секторите за оперативно работење во водечката компанија за нафтени деривати во државата - ОКТА. Оваа иновативна иницијатива претставува нов начин на едукација и доказ за соработката меѓу стопанството и академската заедница. Курсот ќе трае 11 дена и опфаќа над 20 вработени од ОКТА. 

Професорите од Технолошко-металуршкиот факултет ќе вршат напредна  едукација и практична обука на вработените во областите од  технолошки операции, термодинамика и водена пареа, мерење и регулација и за третман на отпадни води – области кои се  важни за оперативното работењето на компанијата.

„Континуираната едукација на нашите вработени има клучно значење за одржливиот развој на ОКТА и затоа ние како компанија постојано вложуваме во овој процес. Долгогодишната соработка со Технолошко-металуршкиот  факултет при УКИМ, ни овозможи заеднички да ја креираме и  имплементираме оваа специјално дизајнирана програма за стручно усовршување на нашите кадри. Убедени сме дека преку ваквиот нов едукативен пристап ќе го поттикнеме кариерниот развој на нашите вработени и ќе придонесеме за натамошен раст на продуктивноста и целокупниот успех на ОКТА“ изјави Димитриос Пасхос, главен извршен директор во ОКТА.

Од Технолошко-металуршкиот факултет, исто така, ја нагласуваат важноста на оваа соработка. 

„Нашиот факултет презема иницијативи со едукативен карактер од овој тип со приватниот сектор и веруваме дека оваа наставна програма ќе биде само почеток на понатамошни заеднички проекти со ОКТА, кој е еден од нашите партнери во градењето квалитетни кадри во стопанството, изјави Стефан Кувенџиев, декан на Технолошко-металуршкиот факултет. 

Според него,  цел на ТМФ е да се обезбеди практично применливо знаење кое ќе помогне на вработените во нивните секојдневни професионални предизвици.

ОКТА ТМВ 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан