Со асфалтирање на улица Лика Чопова, заврши реконструкцијата на 9 улици во населбата Ново Делчево
- Со поставување на нов асфалт на улицата Лика Чопова во должина од 180 метри, заврши реконструкцијата на оваа сообраќајница, со што населбата Ново Делчево како што информираше денеска градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски доби нов, модерен и урбан лик.

Делчево, 4 јули 2025 (МИА) – Со поставување на нов асфалт на улицата Лика Чопова во должина од 180 метри, заврши реконструкцијата на оваа сообраќајница, со што населбата Ново Делчево како што информираше денеска градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски доби нов, модерен и урбан лик.
Овој зафат е дел од поголем инфраструктурен проект на Општина Делчево, со кој беа реконструирани вкупно девет улици во должина од 1940 метри.
-Со проектот беа опфатени улиците Лика Чопова, Ленинова, Трст, Загребачка, Охридска, Осоговска, Пијанечка, 19 Октомври и Пиринска. Со изградбата на современи сообраќајници ја зголемуваме безбедноста за сите учесници во сообраќајот – и пешаци и возачи. Населбата Ново Делчево добива инфраструктура каква што заслужува“, информира Трајковски.
Тој додаде дека претходно во истата населба е изградена нова водоводна мрежа.
-Заменето е и уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки, а сега со новите улици директно се подобрува квалитетот на живот за жителите на една од најатрактивните населби во градот, додаде Трајковски.
Градежните работите ги изведува фирмата ОСД „Кирил“ од Скопје. вс/
Фото: МИА