• сабота, 13 декември 2025

Здружението на слепи и слабовидни лица од Кочани денеска го одбележува Меѓународниот ден на белиот стап

Здружението на слепи и слабовидни лица од Кочани денеска го одбележува Меѓународниот ден на белиот стап

Кочани, 15 октомври 2025 (МИА) - По повод 15 октомври - Меѓународниот ден на белиот стап, симбол на независноста и слободата на движење на слепите лица, Здружението на слепи и слабовидни лица од Кочани денеска одржа прес-конференција во „Паркот на Револуцијата“.

На настанот се обратија Тоше Илиев и Душан Граовац, активни членови и застапници на правата на лицата со оштетен вид.

Во своите излагања тие упатија јасна порака за потребата од подобрување на условите за живот и движење на оваа категорија граѓани.

Меѓу барањата кои беа истакнати на прес-конференцијата, се издвојуваат: Прилагодување на јавниот простор за безбедно движење на слепи и слабовидни лица (тактилни патеки, звучни семафори), како и поголема инклузивност во институциите и јавните услуги.

Од кочанското здружение истакнаа дека и  понатаму ќе продолжат со активности за унапредување на правата и условите за живот на слепите и слабовидните лица во општината.ис/

Фото: МИА

Остани поврзан