Сојузник на Трамп станува шеф на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом
- Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, го назначи конгресменот Рик Крафорд за претседател на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, што е најновото унапредување на сојузникот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на клучна функција за национална безбедност.
Вашингтон, 17 јануари 2024 (МИА) - Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, го назначи конгресменот Рик Крафорд за претседател на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, што е најновото унапредување на сојузникот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на клучна функција за национална безбедност.
Претседателот на комитетот е меѓу осумте конгресни лидери, познати како „Бандата на осумте“, кои се информирани за најтајните работи на американското разузнавање.
-Агресивно ќе го бранам нашиот мандат да обезбедиме сигурен и силен надзор на финансирањето и активностите на разузнавачката заедница, се вели во соопштението на Крафорд.
Џонсон го назначи Крафорд еден ден по смената на конгресменот Мајк Тарнер од претседавањето, кое го имаше речиси две години. Позицијата е една од ретките што ја избира претседателот на Претставничкиот дом на почетокот на новиот Конгрес. мс/
фото: МИА архива