• вторник, 22 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сончево и топло, попладне дожд и грмежи

Сончево и топло, попладне дожд и грмежи

Скопје, 17 јуни 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во повисоките делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До петок времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, особено во петок. Во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно и малку посвежо со умерен, повремено засилен северен ветер.

Фото: МИА

Остани поврзан