• сабота, 16 ноември 2024

Советот на град Скопје донесе заклучоци со кои бара одговорност за сите кои учествувале во креирањето на состојбите во ЈП „Комунална хигиена“

Советот на град Скопје донесе заклучоци со кои бара одговорност за сите кои учествувале во креирањето на состојбите во ЈП „Комунална хигиена“

Скопје, 13 јули 2023 (МИА) - Советниците на град Скопје на седмата вонредна седница ги донесоа заклучоците по единствената точка на дневен ред за актуелната состојба со комунална хигиена, со цел спречување на еколошка катастрофа и појава на заразни болести. Претседателот на Советот на град Скопје, Трајко Славевски по координацијата на советничките групи го прочита заклучокот, во кои се предвидени и мерки.

-Прво се задолжува градоначалникот на град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје да ги преземат следните мерки: Редовно чистење и миење на сите сообраќајници во град Скопје. Дезинфекција и дезинсекција на сите места каде што се наоѓаат контејнерите и во блиската околина. Дезинфекција и дезинсекција и редовно одржување на контејнерите. Итна набавка на пет нови камиони и механизација за собирање на отпад. Итна набавка на пет модерни еколошки чистачи на улиците и сообраќајниците, вели Славевски.

Меѓу заклуоците е и детална проверка на договорите на вработените, за коишто има сомнеж не се појавуваат на работа, а оставруваат право на плата, како и на оние кои имаат нерегулиран статус повеќе од пет години.

-Одговорност за сите кои директно или индиректно учествувале во креирањето на ваквите состојби во ЈП „Комунална хигиена“. Проверка и на договорите за вработување и во останатите јавни претпријатија во соработка со надлежните државни институции, вели Славевски.

Меѓу заклуоците на советниците на Советот на град Скопје и ревизија на работата на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“, како и формирање и на работно тело за надзор на работата на јавното претпријатие. Советниците побараа и редовни координации меѓу градоначалничката и координаторите на советничките групи.

-Соработка меѓу сите јавни претпријатија за надминување на состојбите во градот. Изработка на функционална анализа на сите установи, институции, вклучувајќи ја и администрацијата на град Скопје да се изработи темелно, непристрасно за да може да служи како основа за унапредување на јавните услиги. Во кризниот штаб да се вклучат и претставници од членовите на Советот на град Скопје, вели Славевски.

Советниците во заклуоците наведуваат дека бараат и извештај од страна на ЈП Комунална хигиена и во рок од три дена да го достави до Советот на град Скопје, потоа да се достави Програма за јавната чистота, да се реализира и јавна дебата за разгледување на можностите за децентрализација на дел од надлежностите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

-Под број два овој заклучок да се достави до градоначалникот на град Скопје и директор на ЈП „Комунална хигиена“ на денешен датум, рече Славевски.

За овие заклучоци на денешната вонредна седма седница на град Скопје едногласно гласаа вкупно 24 советници од Советот на град Скопје. вдј/дма/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан