• вторник, 18 март 2025

Собранието отвора Книга на жалост за настраданите во несреќата во Кочани

Собранието отвора Книга на жалост за настраданите во несреќата во Кочани

Скопје, 17 март 2025 (МИА) - Собранието на Република Северна Македонија од 18 март во 10 часот ќе отвори Книга на жалост за загинатите во несреќата во Кочани, соопшти собраниската прес-служба.

Книгата на жалост ќе биде отворена за сите граѓани во следните шест дена, секој ден во периодот од 10 до 19 часот.

Во Книгата на жалост денеска се потпиша претседателот на Собранието Африм Гаши.

- Со скршено срце, вознемирен дух, длабоко емотивно трогнат, ги пишувам овие редови во оваа Книга на жалост, со надеж ова да биде последната Книга на жалост отворена во ова Собрание. Трагичниот настан во Кочани и загинувањето на околу 60 млади момчиња и девојки е последниот аларм за сите политички и општествени фактори - време е да се вратиме кон себе, кон нашата хуманост и конечно да се издигнеме како феникс. Да ја обновиме оваа држава од почеток, но врз основа на ПРАВДА, ЧЕСНОСТ, ЧИСТА СОВЕСТ и ИСКРЕНОСТ. Семоќен Боже, смилувај се на нивните души, а твојот мир и милост нека ги обземат нивните најблиски и сите граѓани на државата“, напиша Гаши. 

Граѓаните кои сакаат да се потпишат во Книгата на жалост може да влезат во Собранието преку страничниот влез - од страната на АРМ.са/

Фото: Собрание

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан