Собир на енергетичарите во Скопје, заложби за постигнување енергетска независност на државата
- - За големите чекори треба повеќе време. Се спрема документација за изградба на првата когенеративна електрана. Ние веќе имаме проект. Се планира 2026 година да се почне со градба, рече Лабудовиќ.
Скопје, 29 ноември 2024 (МИА) – Енергетскиот сектор како еден од најважните предуслови за економски и сеопшт напредок на секоја држава, е тема на дискусија на седмата Меѓународна конференција за енергетика на тема „За независна енергетска држава“ што од денеска се одржува во Скопје.
На собирот оганизиран од Стопанската комора за енергетика, претставници на повеќе државни институции, домашни и странски компании, експерти од областа на енергетиката, ќе дискутираат за сите аспекти на енергетскиот сектор, најмногу во напорите кон создавање енергетски независна држава, притоа следејќи ги светските трендови и следејќи ги заложбите за производство на еколошки чиста енергија.
- Главата цел е создавање независна енергетска држава, оттаму што главен ресурс за секое стопанство, за било кое семејство е енегенсот. Формирањето ново Министерство за енергетика е во насока на тие заложби. Тоа многу ќе придонесе во насока на развојот на оваа држава, рече Ѓорѓи Манасков, претседателот Стопанската комора за енергетика на Македонија.
На собирот меѓу другото ќе се дискутира и за други прашања од областа на енергетиката, проекти за развој на енергетскиот сектор.
- Стопанската комора за енергетика секако има сериозно влијание во развојните текови на државата. Се стремиме кон создавање енергетс ки независна држва. Ќе разговараме за когенеративни електрани, за проектите „Чебрен“ и „Галиште“, потоа проектот „Пловен Вардар и употребата на хидрогенот како енергенс од нова технологија, рече заменик министерот за енергетика, Мирослав Лабудовиќ.
Лабудовиќ посочи дека државата е обврзана во две етапи до 2030 односно 2050 година, особено втората етапа до половината на овој век да се достигне нула емисија на јаглеродемоноксид.
- Когенеративните електрани за кои ќе дискутираме денеска ќе бидат дел од тој процес на транспордирање кон чиста енергија. Тие се патот од јагленот кон чиста енергија. Владата размислува за иградба на неколку когенеративни електрани, како за производство на електрична енергија така и за затоплување, рече заменик-министерот.
Притоа беше посочено дека плановите за реализација на проекти од областа на енергетиката бараат повеќе време, од изработка на документација, анализи до реализација на отпочнување на реализација на конкретни проекти.
- За големите чекори треба повеќе време. Се спрема документација за изградба на првата когенеративна електрана. Ние веќе имаме проект. Се планира 2026 година да се почне со градба, рече Лабудовиќ.
Како можни локации во опција се две во Скопје и една во Куманово, каде и претходно биле разгледувани можни локации за когенеративна електрана. аб/лв/
фото/МИАпринтскрин/