• петок, 26 јули 2024

Словенија ќе ја признае палестинската држава

Словенија ќе ја признае палестинската држава

Љубљана, 30 мај 2024 (МИА) - Словенечкиот премиер, Роберт Голоб најави дека неговата земја денеска ќе ја признае палестинската држава.

Шпанија, Ирска и Норвешка го направија тоа во вторникот - се приклучија на групата од 140 земји кои ја признаа палестинската држава.

Словенечката влада денеска ќе го испрати предлогот за признавање до парламентот на одлука.

-Поради грозоморните настани и масакрот во Рафа, словенечката влада одлучи да не чека до јули. В четврток ќе ја признаеме бидејќи сме згрозени од настаните во Рафа. Сакаме ова да биде јасна порака до целиот свет. Мора да направиме се што можеме за да најдеме трајно решение и мир на Блискиот Исток, рече Голоб. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан