• сабота, 06 декември 2025

Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година

Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година

Москва, 9 јуни 2025 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година, изјави денеска Николај Патрушев, помошник на рускиот претседател и претседател на Рускиот поморски колегиум.

- Конечната верзија на стратегијата беше поднесена на разгледување до шефот на државата, а тој ја одобри на 30 мај, рече Патрушев.

Шефот на рускиот Поморски одбор потсети дека одлуката за подготовка на стратегијата била донесена во јули 2024 година на состанок во Кремљ и оти, по налог на рускиот претседател, Министерството за одбрана го подготвило нејзиниот нацрт. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан