• понеделник, 23 декември 2024

Словенија донира 1,5 милиони евра за деминирање во Украина

Словенија донира 1,5 милиони евра за деминирање во Украина

Љубљана, 4 декември 2023 (МИА) - Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон, денеска во име на Владата, потпиша договор за донација во износ од 1,5 милиони евра, кој Словенија ќе го испрати во Украина за деминирање, јави регионалната ТВ Н1.

- Словенија е свесна за огромните потреби на Украина во областа на деминирањето и затоа ги поддржува сите напори за безбедно и трајно обновување на земјата, истакна Фајон.

Од украинска страна, договорот го потпиша украинскиот амбасадор во Љубљана, Андриј Таран, а украинската вицепремиерка Јулија Свириденко учествуваше преку видео-врска, заблагодарувајќи се за донацијата и ја истакна важноста на деминирањето.

Фајон посочи дека Словенија ќе продолжи да ја поддржува Украина на нејзиниот европски пат. „Како членка на Советот за безбедност, ќе вложиме напори за праведен и траен мир во Украина“, додаде таа.

Словенечкото Министерство за надворешни работи наведува дека Украина е најминирана земја во светот - речиси една третина од нејзината територија е покриена со мини и остатоци од други видови експлозивни направи. Деминирањето ќе трае неколку години. ссм/

фото: архива

Остани поврзан