Си му честита на Трамп
- Кинескиот претседател Си Џинпинг му честиташе на Доналд Трамп за изборната победа на претседателските избори во САД, пренесоа агенциите.

Пекинг, 7 ноември 2024 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг му честиташе на Доналд Трамп за изборната победа на претседателските избори во САД, пренесоа агенциите.
Тој повика на посилен „дијалог и комуникација“ меѓу Пекинг и Вашингтон и рече дека „мора да има разбирање“ меѓу двете земји.
-Историјата покажа дека Кина и САД добиваат од соработката и губат од конфронтацијата, рече шефот на кинеската држава во извештајот што го емитуваше кинеската централна телевизија. „Стабилните, здрави и трајни кинеско-американски односи се во согласност со заедничките интереси на двете земји и очекувањата на меѓународната заедница“, нагласи Си Џинпинг.
Тој ги повика Вашингтон и Пекинг да „го зајакнат дијалогот и комуникацијата, правилно да управуваат со нивните разлики, да развијат заемно корисна соработка и да најдат соодветен начин Кина и Соединетите Држави да се согласуваат во оваа нова ера, во корист на двете земји и на светот“. мс/
фото: МИА архива