Синот на Руни потпиша за Манчестер јунајтед
- Најстариот син на легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, 11-годишниот Каи, потпиша договор со „Црвените ѓаволи“
Манчестер, 18 декември 2020 (МИА) - Најстариот син на легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, 11-годишниот Каи, потпиша договор со „Црвените ѓаволи“.
- Ден за гордост. Каи потпишува за Манчестер јунајтед. Продолжи со напорната работа, сине, напиша Вејн Руни на својот Инстаграм профил.
Триесетипетгодишниот Руни кариерата ја започна во Евертон, а за Манчестер јунајтед играше од 2004 до 2017 година и стана најдобар стрелец во историјата на клубот од „Олд Трафорд“ со 253 голови на 559 натпревари.
Руни го држи и рекордот за најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација, со 53 голови. ег/ми/