Синот на Ибрахимовиќ потпиша професионален договор со Милан
- Крилниот напаѓач Максимилијан Ибрахимовиќ потпиша професионален договор со Милан, објавено е на клуспкито сајт на „Росо-нерите“.

Милано, 18 јули 2024 (МИА) - Крилниот напаѓач Максимилијан Ибрахимовиќ потпиша професионален договор со Милан, објавено е на клуспкито сајт на „Росо-нерите“.
Седумнаесетгодишниот син на поранешниот фудбалер и сегашен клупски советник Златан Ибрахимовиќ ќе игра за младинскиот тим на Милан.
Минатата сезона Ибрахимовиќ одигра 29 натпревари за младинскиот тим на Милан во првенството до 18 години и постигна три гола. зс/
Фото: ЕПА