• петок, 05 декември 2025

Љоренте со критики за условите на Светското клупско првенство 2025 година во САД

Љоренте со критики за условите на Светското клупско првенство 2025 година во САД

Сиетл, 17 јуни 2025 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Маркос Љоренте го сподели своето мислење за условите во Америка каде се одржува Светското клупско првенство 2025.

-Невозможно е да се игра вака, во овој момент, на оваа топлина. Ужасно е топло. Ноктите на нозете ме болат. Не можев да трчам правилно... Беше неверојатно, изјави Љоренте за „Marca“.

Атлетико загуби со 0:4 од ПСЖ во првиот натпревар од групната фаза на Светското клупско првенство.

Следниот натпревар шпанскиот тим ќе го има на 20 јуни со Сиетл. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан