• сабота, 23 ноември 2024

Синер за првиот пораз во 2024 година: Бев премногу предвидлив

Синер за првиот пораз во 2024 година: Бев премногу предвидлив

Индијан Велс, 17 март 2024 (МИА) - Прв пораз од завршниот Мастерс во Торино во средината на ноември, па затоа и прв пораз од почетокот на сезоната – за Јаник Синер, бајката заврши во полуфиналето на Индијан Велс. Застана на 19 последователни победи.

-Нема да размислувам долго за крајот на оваа серија - објасни Италијанецот, кој остана не само без финалето, туку и без дебито на второто место на светската листа.

Иако го загубил полуфиналето на Индијан Велс, сепак, тој вели дека забележал одличен резултат. 

Почетокот на натпреварот не го предвидуваше овој исход. Синер го декласираше Алкараз во првиот сет, па му честиташе на Шпанецот за феноменалниот пресврт.

– Никогаш не е лесно против него. Се обидов да играм добар тенис и успеав во првиот дел. Потоа направив неколку грешки и моментумот се промени. Карлос го подигна своето ниво. Бев премногу предвидлив. Првиот сет го добив лесно и продолжив да играм на ист начин. Тој го смени тенисот, јас мојот не. Второ, пропуштив премногу форхендови, истакна Италијанецот.

Како одминуваше натпреварот, квалитетот се префрлаше на другата страна.

- Карлос ви ги отежнува работите, тој постојано ве притиска. Тој тактички смени неколку работи и тоа ќе морам да го проверам кога повторно ќе играме, објаснува Синер.

Доколку се сретнат во Мајами, можно е само во финалето. Поради неиграњето на Новак Ѓоковиќ тие ќе бидат први и втори носители. Синер вели дека нема време за никакви промени.

-Минатата година игравме и овде и во Мајами, има мал простор да подобриме нешто на тренинзите, убеден е тој. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан