• сабота, 23 ноември 2024

Симеоне: Барселона беше супериорна, немам забелешки на моите фудбалери

Симеоне: Барселона беше супериорна, немам забелешки на моите фудбалери

Мадрид, 18 март 2024 (МИА) - Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го призна поразот синоќа во дербито со Барселона во 29. коло од шпанското фудбалско првенство.

Атлетико Мадрид го претрпе вториот пораз во низа во Ла Лига. Претходно „душекџиите“ загубија од Кадиз со 2:0.

- Барселона доминираше, делуваше супериорно. Беа поодлучни во првите шанси за гол. Бариос можеше да даде гол за нас, потоа Мората да изедначи на 1:1. Тоа беа важни епизоди од мечот. Вториот гол што го примивме не извади од контекст. Дербито со Барселона ни дојде по натпреварот со Интер во Лигата на шампионите на кој дадовме многу труд. Немам за што да им забележам на моите играчи, изјави Симеоне за „Marca“.

Атлетико моментално е на петтото место во шпанското првенство со 55 бодови.

На 1 април клубот од Мадрид гостува на Виљареал. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан