• среда, 21 јануари 2026

Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Порт Морсби, 20 јануари 2026 (МИА) - Земјотрес со јачина од 6,39 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди регионот на Папуа Нова Гвинеја, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (ГФЗ).

Земјотресот се случил на длабочина од 106 километри, соопшти ГФЗ.

Нема непосредни информации за жртви или потенцијална штета. мс/јт/

фото: Архива

Остани поврзан