• среда, 21 јануари 2026

Владата на Сирија им даде на Курдите рок од четири дена да се интегрираат во централната власт

Владата на Сирија им даде на Курдите рок од четири дена да се интегрираат во централната власт

Дамаск, 20 јануари 2026 (МИА) – Владата на Сирија им даде рок од четири дена на курдските сили да се согласат да ја интегрираат нивната преостаната територија на централната власт, откако нивниот главен сојузник, САД, ги повика да го направат тоа.

Во соопштението на сириската Влада се наведува дека постигнале договор со курдските сили за изготвување план за интеграција на покраината Хасака во североисточна Сирија, која сè уште е под контрола на Сириските демократски сили (СДФ). Во спротивно, тие ризикуваат сириската армија да влезе во два града контролирани од курдските сили.

Претходно, сириската армија прогласи четиридневен прекин на огнот, а сириската Влада побара СДФ да предложат кандидат за функцијата помошник на министерот за одбрана во Дамаск, како дел од процесот на интеграција на курдските сили во централната Влада.

СДФ, кои изминатите денови ја загубија контролата врз големи делови од Сирија поради напредувањето на сириската армија, соопштија дека го прифатиле договорот за прекин на огнот и оти нема да преземат воени акции доколку не бидат нападнати.

Претходно, американскиот специјален претставник за Сирија, Том Барак изјави дека „курдските сили, кои беа меѓу водечките групи во борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД), која е поразена во Сирија во 2019 година, повеќе немаат причина да постојат“.

- Првичната мисија на СДФ (Сириски демократски сили доминирани од Курдите), како главна сила против ИД на терен, во голема мера е завршена, бидејќи Дамаск сега е подготвен да ја преземе контролата врз безбедноста, особено да ги контролира центрите за притвор за ИД, објави Барак на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде дека „најголемата можност за Курдите во Сирија сега е транзицијата кон новата влада по Асад, предводена од претседателот Ахмед ал Шаара“.

Лидерот на СДФ, Мазлум Абди, во интервју за курдските медиуми, ја повика меѓународната коалиција да ја преземе одговорноста за безбедноста“ на затворските кампови на ИД и додаде дека се повлекле во во североисточна Сирија, во областите под контрола на Курдите во североисточниот дел на Сирија.

Во североисточна Сирија има околу 15 затвори каде казна отслужуваат казна 9.000 борци на ИД, која во јуни 2014 година прогласи калифат во голем дел на Сирија. ми/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан