Во Давос средба на Виткоф и Кушнер со Дмитриев
- пецијалните пратеници на американскиот и на рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин вечерва имаа средба на маргините на Светскиот економски форум во Давос
Давос, 20 јануари 2026 (МИА) – Специјалните пратеници на американскиот и на рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин вечерва имаа средба на маргините на Светскиот економски форум во Давос.
Стив Виткоф и Џаред Кушнер се сретнаа со Кирил Дмитриев во така наречената Американска куќа.
Виткоф по средбата изјави дека „се било многу позитивно“.
- Состаноците минуваат конструктивно. Се повеќе луѓе ја препознаваат исправноста на ставот на Русија, посочи Дмитриев.
Средбата на американските со рускиот преговарач траела повеќе од два часа. ми/
фото: ЕПА архива