Барак: Завршена е мисијата на курдските сили против ИД во Сирија
- Курдските сили, кои беа меѓу водечките групи во борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД), која е поразена во Сирија во 2019 година, повеќе немаат причина да постојат, изјави денеска американскиот претставник за Сирија, Том Барак
Вашингтон, 20 јануари 2026 (МИА) – Курдските сили, кои беа меѓу водечките групи во борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД), која е поразена во Сирија во 2019 година, повеќе немаат причина да постојат, изјави денеска американскиот претставник за Сирија, Том Барак.
- Првичната мисија на СДФ (Сириски демократски сили доминирани од Курдите), како главна сила против ИД на терен, во голема мера е завршена, бидејќи Дамаск сега е подготвен да ја преземе контролата врз безбедноста, особено да ги контролира центрите за притвор за ИД, објави Барак на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека „најголемата можност за Курдите во Сирија сега е транзицијата кон новата влада по Асад, предводена од претседателот Ахмед ал Шаара“.
Лидерот на СДФ, Мазлум Абди, во интервју за курдските медиуми, ја повика меѓународната коалиција да ја преземе одговорноста за безбедноста“ на затворските кампови на ИД и додаде дека се повлекла во областите доминирани од Курдите во североисточниот дел на Сирија.
Во североисточна Сирија има околу 15 затвори каде казна отслужуваат казна 9.000 борци на ИД, која во јуни 2014 година прогласи калифат во голем дел на Сирија. ми/
фото: ЕПА