• вторник, 17 декември 2024

Си-Ен-Ен: Арапите и муслиманите во САД нема да го поддржат Бајден на претседателските избори

Си-Ен-Ен: Арапите и муслиманите во САД нема да го поддржат Бајден на претседателските избори

Вашингтон, 28 јануари 2024 (МИА) - Голем број Арапи и муслимани со право на глас во САД потврдија дека нема да гласаат за реизбор на американскиот претседател Џо Бајден поради неговата непоколеблива поддршка за Израел и неуспехот да се постигне траен прекин на огнот во Газа, јави Си-Ен-Ен.

Таа ТВ мрежа посочува дека на претходните претседателски избори Бајден добил поддршка од неколку истакнати американски муслимани, избрани функционери и лидери на муслиманската заедница, но дека во пресрет на новиот изборен циклус, многумина се скептични и лути на него.

„Верувам дека тој не може да се искупи. Нема да гласам за Џо Бајден. Неговото соучесништво и активно учество во геноцидот на палестинскиот народ во Газа го дисквалификува како мој кандидат“, рече Калид Турани, консултант од Мичиген и копретседавач на огранокот на Мичиген во кампањата „Да го напуштиме Бајден“.

Кампањата „Да го напуштиме Бајден“ беше создадена во Минесота откако група муслимански Американци побараа од претседателот да инсистира на прекин на огнот во Појасот Газа до 31 октомври минатата година, а кога Бајден не одговори на нивното барање, групата вети дека ќе спроведува кампања против него. ссм/

фото: архива

Остани поврзан