• петок, 08 ноември 2024

СЗО: Половина од болниците во Газа само делумно обезбедуваат услуги поради израелските напади

СЗО: Половина од болниците во Газа само делумно обезбедуваат услуги поради израелските напади

Женева, 30 август 2024 (МИА) - Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за глобални итни случаи, Мајк Рајан, изјави дека 17 од 36 болници во Појасот Газа само делумно обезбедуваат здравствени услуги.

Рајан предупреди на сè потешката здравствена состојба во Појасот Газа, кој е под интензивни напади од страна на Израел.

Тој истакна дека болниците во Газа се во голема опасност поради физичките оштетувања, недостигот на гориво, ограничените медицински залихи и загубата на персонал.

Рајан напомена дека нападите врз здравствените установи и услуги во Појасот Газа сè уште траат, и дека здравствениот систем е во голема мера уништен.

„СЗО документираше 1.098 напади врз здравствени служби на окупираните палестински територии од 7 октомври 2023 до 22 август 2024 година, од кои 492 се случиле во Газа“, рече Рајан, додавајќи дека овие напади резултирале со 747 смртни случаи и 969 повредени. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан