• петок, 05 декември 2025

Путин разговараше со Нетанјаху: Русија е подготвена да помогне во преговорите со Иран

Путин разговараше со Нетанјаху: Русија е подготвена да помогне во преговорите со Иран

Москва, 28 јули 2025 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток.

Путин истакна дека Москва е подготвена да помогне во изнаоѓање преговарачко решение за иранската нуклеарна програма.

- Имајќи ја предвид неодамнешната ескалација на иранско-израелскиот конфликт, руската страна ја истакна подготвеноста да стори сè што е можно за да го олесни изнаоѓањето преговарачко решение за иранската нуклеарна програма, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Кремљ. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан