• сабота, 23 ноември 2024

Се зголемуваат водостоите на реките, исти кај езерата

Се зголемуваат водостоите на реките, исти кај езерата
Скопје, 8 април 2022 (МИА) – Водостоите на речиси сите реки во земјава се повисоки во споредба со вчера, додека нивоата на природните езера се исти со вчерашните, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Најголемо зголемување на водостојот во последните 24 часа има реката Вардар на мерното место кај Јегуновце, каде нивото пораснало за 30 сантиметри. Нивоата на трите природни езера се исти како вчера, но кај Охридското и Преспанското Езеро се пониски од просечните за април, додека кај Дојранското се повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината. вј/са/

Остани поврзан