• петок, 17 јануари 2025

Седница на израелскиот безбедносен кабинет за договорот за прекин на огнот во Појасот Газа

Седница на израелскиот безбедносен кабинет за договорот за прекин на огнот во Појасот Газа

Ерусалим, 17 јануари 2025 (МИА) – Израелскиот безбедносен кабинет на денешната седница треба да одлучи дали ќе го одобри договорот со Хамас за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа.

Ако биде одобрен, договорот ќе биде доставен до Владата. Ако израелската Влада гои одобри договорот, истиот ќе стапи во сила в недела (19 јануари) со ослободување на првите заложници.

Израелскиот безбедносен кабинет вчера го одложи гласањето обвинувајќи го Хамас за создавање на „криза во последен момент“.

Договорот наиде на жесток отпор од крајно десничарските коалициски партнери на Бенјамин Нетанјаху, од кои зависи останувањето на власт на израелскиот премиер. Министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир вчера се закани дека ќе ја напушти Владата доколку Израел го одобри договорот за прекин на огнот.

Бен-Гвир денеска на Икс објави дека доколку се прифати „договорот“, „со тешко срце ќе ја напуштиме Владата“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан