• петок, 21 февруари 2025

Зеленски: Подготвени сме за дијалог со Словачка за енергетската безбедност

Зеленски: Подготвени сме за дијалог со Словачка за енергетската безбедност

Киев, 17 јануари 2025 (МИА)  - Украина е подготвена да разговара за енергетската безбедност и да и помогне на Словачка да постигне енергетска стабилност, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека, сепак, важно е Киев да слушне сигнал од словачкиот народ дека ќе го поддржи украинскиот народ на нивниот пат кон ЕУ и НАТО.

„Оваа тема е чувствителна. Ние сме многу отворени, подготвени да му помогнеме на словачкиот народ за енергетска стабилност. Но, за нас е важно да слушнеме сигнал од словачкиот народ дека ќе го поддржи и украинскиот народ на нашиот пат кон ЕУ и НАТО, бидејќи тоа е од клучно значење за нас“, рече Зеленски за време на средбата со шефот на опозициската партија Прогресивна Словачка, Михал Шимечки.

Тој и се заблагодари на Словачка за поддршката за украинскиот суверенитет и потсети дека го поканил премиерот на земјата Роберт Фицо да ја посети Украина. зш/

Остани поврзан