• вторник, 24 декември 2024

Седница на Економско-социјалниот совет, на дневен ред и Информација за состојбата со зградата на Работничкиот дом

Седница на Економско-социјалниот совет, на дневен ред и Информација за состојбата со зградата на Работничкиот дом

Скопје, 15 февруари 2024 (МИА) -  Информација за состојбата со зградата на Работничкиот дом, предложена од Сојузот на синдикатите на Македонија, била меѓу точките на дневен ред денеска на првата седница на Економско-социјалниот совет со којa претседавал техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски. 

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, на седницата биле разгледани Годишниот извештај за работењето и функционирањето на ЕСС за 2023 година, Годишната програма за работа на ЕСС за 2024 година и Акцискиот план за вработување за 2024 -2027 година.

-По однос на Годишниот извештај за работењето и функционирањето на ЕСС за 2023 година, од страна на присутните беше искажана општа констатација дека во исклучително голем дел предвидената Програма за работа на ЕСС за 2023 година е реализирана, односно општ е впечатокот дека со предвидената динамика се одвивало работењето на ЕСС, стои во соопштението.

МТСП посочува дека во рамки на Годишната програма за работа на ЕСС за 2024 година предвидено е разгледување на повеќе извештаи, акциски планови, информации и измени и дополнувања на постојните законски решенија или донесување на нови за коишто е надлежен да ги разгледува ЕСС. 

-Со Акцискиот план за вработување за 2024 -2027 година се предвидува остварување на следниве цели: подобрување на квалитетот на резултатите во образованието и обуката за сите, зголемување на улогата на политиките за развој на економијата и претпријатијата за создавање достоинствени работни места и  јакнење на инклузивноста на политиките на пазарот на трудот, наведува МТСП. лв/

фото:МТСП

 

Остани поврзан