• петок, 05 декември 2025

Седлоски: Да одиграме како што знаеме и умееме

Седлоски: Да одиграме како што знаеме и умееме

Лозана, 30.јули 2025 (МИА) - Македонскиот претставник во Конференциската лига на УЕФА, Вардар утревечер го игра реванш дуелот од второто квалификациско коло. „Црвено-црните“ за ривал ја имаат екипата на Лозана, а имаат и предност од 2:1 од првиот дуел одигран во Скопје.

- Одиграно е само едно полувреме. Мораме да бидеме фокусирани и да ги искористиме шансите. Што се однесува до вештачката трева, ние сме подготвени на се. Трениравме на неа, вештачки терен имаме во нашата база. Тоа воопшто не е тема за нас. Ние гледаме да одиграме како што знаеме и умееме, како што покажавме и во Скопје. Посакувам добар натпревар, па нека победи подобриот, изјави тренерот на Вардар Гоце Седлоски.

Горан Закариќ е со тимот, а Седлоски по тренингот ќе реши за составот. Инаку, за очекување е Вардар да има и поддршка од трибините од големиот број Македонци кои живеат и работат во Швајцарија. 

Натпреварот Лозана - Вардар се игра утре (четврток) со почеток во 20:15 часот.   мн/

Фото: 

Остани поврзан