Североисточниот дел на Австралија погоден од циклонот Ниран
- Повеќе од 40.000 домаќинства се без електрична енергијa откако тропскиот циклон Ниран го погоди североисточниот дел на Австралија
![Североисточниот дел на Австралија погоден од циклонот Ниран](https://mia.mk/index.php/images/20221106123959_big_730x400_56.webp )
Канбера, 2 март 2021 (МИА) - Повеќе од 40.000 домаќинства се без електрична енергијa откако тропскиот циклон Ниран го погоди североисточниот дел на Австралија.
Силниот ветер и обилните дождови урнаа голем број дрвја, оштетија далноводи. Во предградието на Таунсвил делумно се оштетени повеќе згради. Обилниот дожд предизвика и поплави.
Поради невремето затворени се 38 училишта, а жителите на неколку градови на источниот брег на Австралија се предупреддени да се подготват за евакуација.
Според метеоролозите циклонот Ниран во следните два дена нема да загуби од јачината и ќе се движи кон север. ми/