СДСМ: Стари кадри од режимот го советуваат Мицкоски, обврска на власта е да ги зголеми платите
- соопштение-Веќе видени, стари инкриминиари кадри на ДПМНЕ од времето на режимот ќе го советуваат премиерот Мицкоски.
Скопје, 30 јануари 2025
Веќе видени, стари инкриминиари кадри на ДПМНЕ од времето на режимот ќе го советуваат премиерот Мицкоски.
Наместо промени и реформи кои ги ветуваше Мицкоски донесе рециклиран режим, верзија 2.0.
Поранешниот министер за финансии, Зоран Ставревски, познат по катастрофалните политики „немаме за леб а трошиме за чоколадо“, кои ги осиромашија граѓаните и секако фразата „ние сме лудаци“ кажана лично од него.
Какви совети може да дава Ставревски? Па еве веќе гледаме, луѓето немаат за леб, се поскапува а владата сака да купува авион.
Наместо за граѓаните владата на Мицкоски се грижи за својот луксуз.
Платите на работниците не се доволни за да ја покријат синдикалната кошничка. Дебаклот на политиките со кошничките на власта ги наполни џебовите на големите трговци а ги испразија џебовите на граѓаните.
А ДПМНЕ ги кара граѓаните да не бараат покачени плати.
Меѓу советниците на Мицкоски е и обвинетиот и амнестиран поранешен вицепремер Владимир Пешевски. Познат и како „дил ориентед“ стручњак за „оф шор“ дестинации, проценти и провизии. Јасно е уште сега за кои стратешки прашања ќе го советува Мицкоски.
И поранешениот претседател на Собранието, Трајко Велјановски ќе го советувал Мицкоски.
Ова е потврда дека сите погрешни, штетни политики на режимот на Груевски живеат во Владата на Мицкоски.
Нема промена во ДПМНЕ и со оваа влада не може да се очкува ништо добро, економијата ќе продолжи да тоне, стандардот на граѓаните да се намалува, додека власта граба пари само за себе.
Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска – портпарока на СДСМ
Тоа е уште една скандалозна изјава на Трајко Славески. Срамна, дрска и потценувачка е било каква закана за граѓаните да не бараат поголеми плати. Се лаже ДПМНЕ ако мисли дека може некого да замолчи. Граѓаните имаат мака да обезбедат основни потреби за секојдневниот живот и со право работниците бараат поголеми плати.
Обврска на власта е да ги зголеми плати е а да се обидува да ги замолчува.
Тоа е истиот човек, кој беше против покачувањето на минималната плата за работниците. Но, еве прашуваме зошто Трајко Славевски не се откаже од паушалот од 600 евра во Советот на Град Скопје?
Второ, Славевски вчера кажа дека е против бојкотот на маркетите а неговиот шеф Мицкоски пред некој рече дека го поддржувале. Сега прашањето е кој лаже, дали Мицкоски или Славевски?
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска-портпаролка
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото: СДСМ