• среда, 25 декември 2024

СДСМ: Предлогот на Мицкоски за мерки е само сублимат од изјавите на Ковачевски за енергетика

СДСМ: Предлогот на Мицкоски за мерки е само сублимат од изјавите на Ковачевски за енергетика
29 септември 2022 Таканаречените предлог мерки во енергетиката на Христијан Мицкоски не се ниѓто друго освен сумбилат од досегашни изјави на премиерот Димитар Ковачевски за чекорите што се преземале и ќе се преземаат во енергетскиот сектор. Владата донесе конкретни мерки кои ќе значат сериозна помош за граѓаните, стопанството и останатите субјекти за полесно справување со последиците од светската енергетска криза. Мицкоски ќе остане запаметен како најнеуспешен директор на ЕСМ, како советник на Груевски за енергетика со кого заедно ја зголемија двојно цената на електрична енергија во време кога немаше никаква енергетска криза, а струјата на берзите беше далеку поевтина. Ако Мицкоски сака да помогне, нека разговара со своите пратеници за тие да престанат со опструкции и уште денеска во Собранието да бидат изгласани законите кои се потребни за непречено снабдување со енергенси. СДСМ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан