• сабота, 13 декември 2025

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го преименува статусот од мигранти во „економски работници“

СДСМ:  ВМРО-ДПМНЕ го преименува статусот од мигранти во „економски работници“

Скопје, 12 декември 2025 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ статусот од мигранти ќе го преименуваат во „економски работници“. Очигледно затоа им ветуваат работа и сместување, односно постојан престој, наведува СДСМ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. 

Милошоски најавува мигранти за пари ама со променет статус во „економски работници“

Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските медиуми потврда за тоа.

По моделот на Вучиќ со литиумот во Србија ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со иста техника сакаат да го спроведат проектот мигранти за пари во Македонија.

Пакетот содржи и договор за кредит. Во државата нема пари, нема за пензии, плати, социјална помош, породилно, нема за поврат на ДДВ...моментално дупката е 1 милијадра евра.

Мигранти за пари во Македонија ама во јуни, после избори, тоа е планот на ВМРО-ДПМНЕ.

А што друго содржи тој план, најави Милошовски вчера во интревју на една наша национална Телевизија.

Странските работници кои доаѓаат преку дозволи и агенции немаат никаква врска со азиланти и мигранти, вели Милошоски.

Значи ВМРО-ДПМНЕ статусот од мигранти ќе го преименуваат во „економски работници“. Очигледно затоа им ветуваат работа и сместување, односно постојан престој. 

Исто така и Мицкоски пред некој ден рече „нелегални“ мигранти, па да, затоа што овие ќе бидат „легални“. 

На овој начин ќе ги претстават мигрантите за кои веќе се договориле. ВМРО-ДПМНЕ веќе бара редефиниција за мигрантите, само да не се нарекуваат мигранти.

Затоа не ја потпишуваат Резолуцијата. 

Одбраната на Македонија започна! Нема да ви дозволиме! Борбата продолжува!

 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан