• петок, 21 февруари 2025

СДСМ: Владата не ја донесе одлуката за маржите, профитот на неколкумина им е поважен од животот на граѓаните

СДСМ: Владата не ја донесе одлуката за маржите, профитот на неколкумина им е поважен од животот на граѓаните

Скопје, 16 февруари 2025


Владата на Христијан Мицкоски не ја донесе одлуката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи, оставајќи ги граѓаните и понатаму сами да се справуваат со високите цени.

Стандардот на граѓаните се влошува од ден на ден, а владата има поданичка позиција кон бизнис интересите на елитата и на големите трговци и не презема ништо. На Мицкоски воопшто не му е гајле што граѓаните имаат се помалку пари и едвај врзуваат крај со крај.

Колкави долгови има Мицкоски кон оваа бизнис елита штом дозволува да профитираат врз грбот на граѓаните?

Веќе е јасно дека владата не само што нема решение за високите цени туку и нема желба нешто да преземе, нејзините економски политики се тотално фијаско и водат кон нова економска криза.

СДСМ бара владата итно да ги прифати 7 те пакет мерки за вистинско намалување на цените, олеснување на економскиот притисок и зголемување на стандардот на граѓаните.

Македонија не смее да биде земја во која профитот на малкумина е поважен од достоинствениот живот на сите!

СДСМ

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан