• сабота, 13 декември 2025

СДСМ: Бараме целосна декласификација на документацијата поврзана со случајот во АНБ и нивна јавна објава

СДСМ: Бараме целосна декласификација на документацијата поврзана со случајот во АНБ и нивна јавна објава

Скопје, 4 септември 2025 

СДСМ не само што не се плаши туку бара целосна декласификација, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски, што МИА ја пренесува интегрално. 

СДСМ не само што не се плаши од вистината, туку ние ја бараме – и тоа веднаш. 

Затоа бараме целосна декласификација на документацијата поврзана со случајот во АНБ и нивна јавна објава.

Поотворено и појасно од тоа нема.

Прашањето не е СДСМ, туку зошто јавната објава и декласификација на сите материјали го плаши Мицкоски?

Бегањето од објава на документите, криењето зад изјави без докази и пласирањето на манипулации се доволно силни индикатори дека Мицкоски сака нешто да сокрие и дека тој се плаши.

Кога Мицкоски тврди дека бил прислушуван, а директорот на АНБ Христовски го демантира и вели дека не станува збор за прислушување – кој лаже?

Единствен начин да се расчисти кој тука лаже и кој се плаши е преку декласифицирање на сите документи.

Ајде, декласифицирајте и објавете ги сите документи.

Граѓаните имаат право на вистина – без шпекулации, без манипулации, без прикривање.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Фото: МИА архива

Остани поврзан