• среда, 29 јануари 2025

СДА и Демократски фронт иницираа смена на шефот на дипломатијата на БиХ поради поврзаност со нарко картел

СДА и Демократски фронт иницираа смена на шефот на дипломатијата на БиХ поради поврзаност со нарко картел

Сараево, 27 јануари 2025 (МИА) – Партијата за демократска акција (СДА) на Бакир Изетбеговиќ и Демократскиот фронт на Жељко Комшиќ денеска во собраниска процедура поднесоа иницијатива за реконструкција на Советот на министри на БиХ, поточно разрешување на министерот за надворешни работи Елмедин Конаковиќ чие име се поврзува со лица од нарко картелот „Тито и Дино“.

Иницијативата ја потпишаа 11 претставници на Партијата за демократска акција и Демократскиот фронт.

Во образложението на иницијативата, меѓу другото, се наведува дека БиХ претрпела непроценлива штета на меѓународен план „поради врските на министерот Конаковиќ со поединци од нарко картелот „Тито и Дино“, за што сведочат преписките од апликацијата „Скај“ и шемите на агенцијата Европол“.

Како што објави сараевскиот портал Кликс, една од особено важните причини за покренување на иницијативата за разрешување на министерот Конаковиќ е откажувањето на самитот во Неум во декември 2024 година, што е „дипломатски скандал кој предизвика невиден срам на Босна и Херцеговина и нејзиниот кредибилитет и пат кон членство во ЕУ“. јт/

Фото:  Конаковиќ на Фејсбук

Остани поврзан