Косово: Избирачкиот панел за жалби и претставки досега изрекол казни во износ од 307.400 евра
- Демократскиот сојуз на Косово е казнет со највисок износ на парични казни и износ во евра, кој во 15 решенија на Советот, е казнет со вкупно 93.000 евра.
Приштина, 28 јануари 2025 (МИА) - Избирачкиот панел за жалби и претставки во Косово досега изрече казни во износ од 307.400 евра за партиите учесници на претстојните парламентарни избори поради непочитување на законот за општи избори.
Демократскиот сојуз на Косово е казнет со највисок износ на парични казни и износ во евра, кој во 15 решенија на Советот, е казнет со вкупно 93.000 евра.
Партиите имаат право на жалба на одлуките за казните изречени од Избирачкиот совет до Врховниот суд на Косово, кој во неколку случаи досега ги преполови тие казни.
Изборите се закажани за 9 февруари. зш/