• петок, 05 декември 2025

СВР Велес изврши увид на местото каде беше пронајдено тело на женско лице во водите на Вардар

СВР Велес изврши увид на местото каде беше пронајдено тело на женско лице во водите на Вардар

Велес, 1 декември 2025 (МИА) – Во СВР Велес вчера во 14 часот било пријавено дека во водите на реката Вардар, кај мостот во близина на село Уланци, општина Градско, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било извадено од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес.

Како што информира попладнево портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес и по наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.

Инаку претходно информација за најдено тело на починато женско лице добивме од ТППЕ Велес, а информацијата ни беше потврдена и од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, дека пронајденото тело е предадено на обдукција. ад/ра

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан