Свештеник пријавил непознати лица во полиција дека го симнале црковното знаме од јарбол на црковниот имот на Попова Шапка
- Две маскирани лица го симнале знамето на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија од јарбол пред храмот Свети Наум Охридски, по што е поставено знаме на Албанија. Претседателот на црковниот одбор го пријавил случајот во СВР Тетово. Настанот е евидентитан преку камери за видео надзор.
Тетово, 28 ноември 2023 (МИА) - Две маскирани лица го симнале знамето на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија од јарбол пред храмот Свети Наум Охридски, по што е поставено знаме на Албанија. Претседателот на црковниот одбор го пријавил случајот во СВР Тетово. Настанот е евидентитан преку камери за видео надзор.
-Во 18.05 часот во СВР Тетово, свештеникот од црквата „Св.Наум Охридски Чудотворец“ лоцирана на Попова Шапка, пријавил дека од страна на НН лице од јарболот на црквата е симнато црковното знаме и е поставено знаме на Албанија. информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Сега полицијата презема мерки за расчистување на случајот. ас/цр
Фото: скриншот Црковен одбор