• понеделник, 23 декември 2024

Состанок на Секторската група за Реформа на јавната администрација

Состанок на Секторската група за Реформа на јавната администрација

Скопје, 8 ноември 2024 (МИА) - Во рамки на годишните активности за унапредување на јавната администрација, Министерството за јавна администрација ќе одржи состанокот во Владата на Секторската работна група за Реформа на јавната администрација.

Како што соопшти Министерството, на состанокот ќе се презентираат реализираните активности од Стратегијата за реформа на јавната администрација за 2023 година, текот на програмирањето на IPA III за периодот 2025-2027 година.

Предвидено е министерот за јавна администрација, Горан Минчев да даде изјава за медиуми. нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан