• петок, 03 јануари 2025

Саудиска Арабија отвори хуманитарен воздушен мост за Сирија

Саудиска Арабија отвори хуманитарен воздушен мост за Сирија

Ријад, 1 јануари 2025 (МИА) - Саудиска Арабија денеска започна хуманитарен воздушен транспорт во Сирија за испорака на храна, шатори и медицински материјали за поддршка на земјата по соборувањето на претседателот Башар ал-Асад, објавија саудиските медиуми. Два авиони изутрината полетаа од Ријад за Дамаск.

Авиопревозот, кој беше формиран од Саудискиот центар за хуманитарна помош, има за цел „да ги ублажи последиците од тешките услови кои моментално ги доживува сирискиот народ“, додава агенцијата.

Во наредните денови, покрај воздушниот мост, ќе биде отворена и копнена рута за испорака на хуманитарна помош за Сиријците.

Високорангирана делегација на Саудиска Арабија го посети Дамаск во декември, а потоа се сретна со новиот лидер на земјата, Ахмад ал Шарех.

Бунтовничката коалиција предводена од радикалните исламисти од групата Хајат Тахрир ал-Шам го замени режимот на Башар ал Асад на 8 декември, по брзата офанзива. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан