Сари може да се врати во Наполи
- Италијанскиот фудбалски стручњак, Маурицио Сари може да се врати во Наполи.

Рим, 27 февруари 2021 (МИА) – Италијанскиот фудбалски стручњак, Маурицио Сари може да се врати во Наполи.
Според „Тутоспорт“, раководството на неаполитанскиот клуб размислува да го врати 62-годишниот Италијанец откако го напушти клубот летото 2018 година.
Се известува дека сегашниот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо нема да добие отказ до крајот на сезоната, а од летото 2021 година тимот може да го води Сари.
Оваа сезона, Наполи е седми во Серија А со 40 бода, 13 бода помалку од водечкиот Интер. зс/