Сари го одби Марсеј
- Маурицио Сари ја одбил понудата да застане на чело на Марсеј, објави на Твитер италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Рим, 3 февруари 2021 (МИА) - Маурицио Сари ја одбил понудата да застане на чело на Марсеј, објави на Твитер италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Вчера, францускиот фудбалски клуб остана без тренер, откако Андре Вилаш-Боаш поднесе оставка, бидејќи раководството договори трансфер на фудбалер без негова согласност.
Последната работа на 62-годишниот Сари беше во Јувентус, со кого минатата сезона го освои италијанскиот шампион. зс/